Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Концерт и работилница на современа иранска оригинална музика

Објавено на: 28 февруари 2017

На 23.2.2017 година, на Факултетот за музичка уметност – Скопје, се одржа концерт и работилница со музичари од Иран, маестра на современата иранска оригинална музика.

Музичарите Hamid Reza Noorbakhsh, Ardeshir Kamkar и Behdad Babei пренесоа дел од иранската традиција изведувајќи импровизациски композиции на традиционални жичени инструменти и специфично вокално пеење.

Концертот се одржа во Концертната сала на ФМУ – Скопје.