Објавено на: 01 март 2017
Исидора Станишиќ
кореограф, танчер и педагог од Белград гостува на катедрата за балетска педагогија - отсек современ танц при ФМУ
Исидора Станишиќ е реномиран кореограф и педагот од Белград-Србија. Таа е моментално предавач на факултетот - Институт за уметничка игра во Белград и професор во средното балетско школо „Луј Давичо“.
Во периодот од 27 февруари до 2 март, 2017 година, кореографот и педагог Исидора Станишиќ ќе гостува на катедрата за балетска педагогија – отсек современ танц при Факултетот за музичка уметност - Скопје, каде ќе работи со студентите на нови композиции и техники за современ танц кои ќе бидат презентирани на 2 март од 15 до17 часот во Големата сала на МОБ.
Гостувањето е инцирано од страна на проф. м-р Тања Вујисиќ-Тодоровска, додека вонр. проф. д-р Искра Шукарова која го води отсекот за современ танц, до сега има реализрано повеќе соработки со Станишиќ во Белград.
Исидора Станишиќ е од првата генерација млади кореографи и педагози за современ танц во Србија. Таа има реализирано бројни интернационални уметнички резиденции и кореографии.
Оваа соработка е од голема важност за развојот на современиот танц во нашата земја.
Студиската програма за балетска педагогија на Факултетот за музичка уметност – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е отворена во 2010 година, каде за прв пат студентите имаа можност да се едуцираат во полето на балетската педагогија за класичен и современ танц во Република Македонија.