Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

КОНЦЕРТ НА ВОКАЛНО - ИНСТРУМЕНТАЛНИТЕ ОДДЕЛИ - „MUSICA VIVA“

Објавено на: 30 март 2017

На 29.3.2017 година, во Концертната сала на ФМУ – Скопје, се одржа Концерт на студентите од вокално – инструменталните оддели, како дел од циклусот концерти Musica Viva.  На концертот настапија студенти од класите на: проф. м-р Олег Кондратенко, вонр. проф. м-р Славица Петровска Галиќ и доц. д-р Кристина Светиева. На програмата беа дела од В. А. Моцарт, Ф. Шуберт, Ф. Шопен, Ј. Штраус, С. Рахманинов и Ј. Брамс.