Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ

Објавено на: 06 април 2017

Традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“ се одржa денес, 6.4.2017 година, на платото во кампусот на Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, каде беа сместени штандовите на факултетите.

Манифестација беше  наменета за средношколците од сите училишта во Република Македонија, но и за оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на сите циклуси на УКИМ.

Посетителите имаа можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во државата, нејзината долга традиција, мисија и визија.

Се свој штанд се претстави и Факултетот за музичка уметност – Скопје, а нашите студенти, се погрижија за реализација на забавниот дел од овој настан.