Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

ОДРЖАН СЕМИНАР ПО ПИЈАНО НА ФМУ - СКОПЈЕ

Објавено на: 05 мај 2017

На 4.5.2017 година, на Факултетот за музичка уметност - Скопје, се одржа семинар со познатиот пијанист и камерен музичар од Русија, Петр Лаул. На семинарот активно учествуваа студенти од катедрата по пијано од Факултетот за музичка уметност - Скопје, а истиот беше отворен за сите заинтересирани слушатели.