Објавено на: 13 септември 2017
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА
Запишувањето на примените кандидати, пријавени во вториот уписен рок во учебната 2017/2018 година, ќе се врши на 14-ти септември, 2017 година.
Потребни документи:
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
- Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
- Потврда за уплатена прва рата школарина - 6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
- Потврда за упалтени 300 денари за библиотечен фонд;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" (ве молиме внимавајте при извршувањето на уплатата, која се врши на жиро-сметката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“).
Сите жиро – сметки може да ги видите во продолжение на ова соопштение.
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА:
- Се известуваат кандидатите да не купуваат индекси и студентски легитимации, бидејќи истите ќе ги добијат на Факултетот!
- Конечната ранг листа на примени кандидати е објавена на електронскиот студентски сервис Iknow и на огласната табла на Факултетот.
Уплатници.docx