Објавено на: 14 септември 2017
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018
- ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 15-ти СЕПТЕМВРИ 2017 ГОДИНА
- ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 16-ти ДО 18-ми СЕПТЕМВРИ 2017, А ТОЧНИОТ РАСПОРЕД ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН НА 15-ти СЕПТЕМВРИ, ПО ДОБИВАЊЕТО НА КОНЕЧНАТА БРОЈКА НА ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ
- РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ (КОНЕЧНАТА РАНГ – ЛИСТА) ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 19-ти СЕПТЕМВРИ 2017 ГОДИНА
- ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 20-ти СЕПТЕМВРИ 2017 ГОДИНА
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
- пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна такса од 50 денари (образец А1, се купува во книжарници);
- испечатени електронски пријави од IKnow системот (интерен и универзитетски пријавен лист);
- оригинални свидетелства и копии од сите класови;
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование и копија);
- доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
- извод од матична книга на родени;
- изјава за национална припадност (по потреба);
- потврда за уплата на приемни испити (уплатница може да добиете во одделението за студентски прашања)
- 500 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет,
- 1000 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.
Забелешки:
Кандидатите кои биле пријавени во првиот или вториот уписен рок, за полагање на приемните испити уплаќаат само 500 денари.
Бидејќи пријавувањето се врши и со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА: www.upisi.ukim.mk
Во прилог на ова известување може да го погледнете бројот на слободни места по студиски програми за третиот уписен рок и Упатството за полагање на приемните испити (Упатство за утврдување на предметите и на испитните програми за проверка на знаењата и умеењата за запишување на прв циклус на студиските програми на Факултетот за музичка уметност – Скопје и за начинот на бодување на знаењата и умеењата и начинот на пресметката на поените).
Број на слободни места за трет уписен рок.docx Упатство за приемни испити 2017-2018_28325_719.pdf