Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Одржан првиот академски час за новата генерација на студенти запишани во академската 2017/2018 година

Објавено на: 18 септември 2017

На 15.9.2017 година, во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје, се одржа Свечен Прв академски час и доделување на индексите на новата генерација запишани студенти на прв циклус студии, во учебната 2017/2018 година.

Пред идните студенти свое обраќање имаше Деканот на Факултетот за музичка уметност - Скопје, проф. м-р Зоран Пехчевски, а се претставија и хорот „Драган Шуплески“ под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски, како и студенти од инструменталните оддели на Факултетот.

На новите студенти им посакуваме успешна година и успешно завршување на студиите!