Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Запишување на примените кандидати од третиот уписен рок, во академската 2017/2018 година

Објавено на: 19 септември 2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во вториот уписен рок во учебната 2017/2018 година, ќе се врши на 20-ти септември, 2017 година.

 

Потребни документи:

Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);

Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);

Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);

 Потврда за уплатена прва рата школарина

-       6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота;

-       12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;

Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;

Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;

Потврда за упалтени 300 денари за библиотечен фонд;

Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка

-       цел на дознака:ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност

-       жиро сметка: 100000000063095

-       депонент: НБРМ

-       сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

-       приходна шифра 723012, програма 41.

 

Останатите жиро – сметки (освен погоре наведената од 750 денари која се разликува од останатите) може да ги видите во продолжение на ова соопштение.

 ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА:

  • Се известуваат кандидатите да не купуваат индекси и студентски легитимации, бидејќи истите ќе ги добијат на Факултетот!
Уплатници.docx