Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО ФЕВРУАРИ 2016/2017

Објавено на: 12 октомври 2017

СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО ФЕВРУАРИ 2016/2017

Запишување на зимскиот семестар и пријавување на магистерските програми (за студентите запишани на студиската програма по музичка интерпретација и композиција) и насловите на темите за магистерски трудови (за студентите запишани на музички науки и балетска педагогија), ќе се врши во периодот од 24.10.- 26.10.2017 година.

 Потребни документи за запишување на зимскиот семестар:
-       образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
-       уплата за трета рата школарина, во висина од 36.900,00 денари.

Пријавувањето на програмата/насловот на трудот се врши преку пополнување на образецот кој е објавен во прилог и доставување на истиот во електронска и во печатена форма (испечатениот образец задолжително да биде потпишан од студентот и од менторот).
Електронски пополнетите обрасци да се испратат на: studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk


Студентите кои не завршиле со полагање на предметите од летниот семестар (во јунската сесија), истите ќе треба да ги пријават во периодот од 16.10.- 17.10.2017 година, а полагањето на испитите ќе се врши од 18.10.2017  до 20.10.2017 година.

 Потребни документи за пријавување на испити:
-       индекс;
-       пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари, за секој испит поединечно (се купуваат во книжарници);
-       пополнет и потпишан образец за полагање на испит по главен предмет - „прилог кон пријава за испит“ (истиот е поставен во прилог на ова соопштение);
-       уплати за испитите:
        6150 денари за полагање на испит по главен предмет
        3075 денари (по предмет) за полагање на изборни предмети

ПРИЈАВА НА МАГИСТЕРСКА ПРОГРАМА.doc ПРИЈАВА НА НАСЛОВ НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД.doc Пример за уплатници.docx УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ТАКСЕНИ МАРКИ.docx прилог кон пријава за испит.doc