Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

СООПШТЕНИЕ ЗА УПИС НА ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК НА ФМУ - СКОПЈЕ

Објавено на: 26 јануари 2018

Запишувањето на пријавените кандидати за упис на втор циклус студии во вториот уписен рок на Факултетот за музичка уметност - Скопје, ќе се врши на 29-ти и 30-ти јануари, 2018 година.

Потребни документи за запишување:

  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
  • Две фотографии, со димензии 3,5*4,5;
  • Потврда за уплатена прва рата школарина – 36.900,00 денари (уплатниците може да ги видите во прилог на ова известување);
  • Потврда за уплатени 500,00 денари за студиска програма;
  • Извод од матична книга на родени;
  • Уверение за државјанство.

Се известуваат кандидатите да не купуваат индекси, бидејќи истите ќе ги добијат од Факултетот!

пример за уплатници_31327_375.docx