Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

КОНКУРС ЗА ЛЕТНА СТУДЕНТСКА ПРАКСА/СТАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ (KA 103) ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА

Објавено на: 10 април 2018

                                                                                                             

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

објавува

КОНКУРС

ЗА ЛЕТНА СТУДЕНТСКА ПРАКСА/СТАЖИРАЊЕ

ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ (KA 103)

ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за реализирање летна студентска пракса/стажирање во програмски земји-учеснички во програмата Еразмус+.

Времетраење на мобилноста за студенти:минимум 2, максимум 3 месеци (јуни, јули и август 2018 година).

КРИТЕРИУМИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ ЕРАЗМУС+ СТУДЕНТСКА ПРАКСА/СТАЖИРАЊЕ:

  • Право на пријавување имаат редовни студенти со најмалку завршена прва година на студии. Апликации на дипломирани студенти нема да бидат разгледувани.Предност имаат студенти кои и во наредната учебна година  ке имаат статус на редовни студенти.
  • Основен предуслов за реализирање Еразмус+ студентска пракса/стажирање е праксата да е предвидена како дел од студиската програма на соодветниот факултет.
  • Кандидатите можат да реализираат куса Еразмус+ студентска пракса во јавна или приватна организација, институција, компанија или претпријатие од Еразмус+ програмските држави.
  • Еразмус+ студентската пракса не може да се реализира на универзитети, во дипломатски претставништва, институции и специјализирани агенции на Европската комисија.
  • За изборот на институција или компанија, студентот може да ја користи интернет-страницата: www.erasmusintern.org или други ЕУ интернет-страници за Еразмус+ пракса.
  • Студентот самостојно ја контактира избраната институција со цел договарање на условите и одобрување на активностите и периодот на стажирање. Студентот до работодавачот (институцијата-домаќин) го доставува формуларот Писмо за покана (Invitation Letter) кое институцијата-домаќин го пополнува и враќа до студентот. УКИМ не посредува во комуникацијата помеѓу студентот и работодавачот (институцијата-домаќин).
  • Студентот самостојно ја организира постапката за добивање виза, како и трошоците за патување и сместување.
  • Студентот е должен да обезбеди соодветно здравствено осигурување.
  • Праксата/стажирањето мора да заврши пред почетокот на зимскиот семестар од учебната 2018/2019 година.

ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:

Висината на стипендијата за студентска пракса/стажирање изнесува 550-600 ЕУР месечно, согласно земјата на престој (Види листа на интернет-страната на Универзитетот).

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+или интернет-страната на соодветниот факултет:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • договор за пракса/стажирање (Learning Agreementfor Traineeships) во кој се утврдува програмата за стажирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, Еразмус+ координаторот  на матичниот факултет и одговорното лице кое го претставува работодавачот (институцијата-домаќин);
  • пополнетo Писмо за покана за реализирање студентска пракса/стажирање (Invitation Letter) од страна на институцијата-домаќин кое студентот самостојно го обезбедува;
  • уверение за положени испити на македонски јазик;
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој ќе се спроведува праксата/стажирањето издадена  од признат центар/школа за странски јазици;
  • уверение за редовен студент- запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model);

 

ПО ЗАВРШЕНА МОБИЛНОСТ:

  • На крајот од мобилноста студентот до Одделението за меѓународна соработка во оригинал доставува Завршен извештај (Final Report) уредно потпишан и заверен од страна на студентот и работодавачот;
  • Уредно пополнета и заверена Потврда за пристигнување/заминување (Arrival/Departure Certificate).

 

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се праксата/стажирањето, мотивација.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус+ координаторот на факултетот каде студираат најдоцна до 30 април 2018 година, во три примерока: еден примерок до Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок до Ректоратот на УКИМ и еден примерок задржува студентот.

(Види листа на Еразмус координатори по факултети).

Факултетите листата на рангирани апликации ја доставуваат до Ректоратот најдоцна до 10 мај 2018 година.

           

                                                УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ