Објавено на: 23 април 2018
На 18.04.2018 година, во соработка со Унгарската амбасада во Република Македонија, на ФМУ - Скопје се одржа концерт со унгарските еминентни музичари, виолинистот Саболч Илеш, флејтистката Жужана Ѓурина и пијанистката Јулиана Берецки. Присутните имаа исклучителна можност да ги чујат истакнатите изведувачи на барокна музика во изведба на виолина, барокна флејта и чембало.