Објавено на: 10 мај 2018
На 10.5.2018 година во Гевгелија, во народниот театар со почеток од 20 часот, ќе се одржи концерт на Камернот оркестар „Солисти на ФМУ“ под диригентското водство на проф. м-р Борјан Цанев. Како солисти ќе настапат студентите: Љубица Делева, Лида Алиу, Пандорка Јанаќиева, Јана Каевска и Димитар Михајловски од класите на проф. м-р Страшо Темков, проф. м-р Олег Кондратенко и проф. м-р Љубиша Кировски.