Објавено на: 21 мај 2018
Вечерва, со почеток во 20:00 ч. во Македонската Филхармонија ќе се одбележи 69 години од основањето на УКИМ и одбележување на Денот на светите Кирил и Методиј – патрониот ден на Универзитетот.
На оваа свеченост во рамките на уметничата програма ќе настапи Биг бендот и Дувачки оркестар на ФМУ – Скопје, под диригентското водство на проф. м-р Кире Костов, а како солисти ќе настапат порф. м-р Зорица Каракутовска (хармоника) и м-р Дино Имери (пијано).
Повелете заедно да уживаме во изведбата на атрактивната програма на дела од Astor Piazzolla/ arr Fred Sturm и George Gershwin/ arr Tohru Takahashi.
Влезот е слободен!