Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Семинар по флејта со реномираниот флејтист Емануел Пају од Франција

Објавено на: 14 ноември 2014

Реномираниот флејтист Емануел Пају од Франција на 13.11.2014 година одржа семинар на Факултетот за музичка уметност - Скопје на кој учествуваа студентите од студиската програма по флејта на Факултетот за музичка уметност - Скопје.
Семинарот беше проследен и од наставници од ФМУ - Скопје, како и од наставници и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во Скопје.