Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Јавна презентација на студентите од студиската програма за современ танц

Објавено на: 24 ноември 2014

На 22.11.2014 се одржа јавна презентација на студентите од насоката за современ танц по серијата на предавања реализирани со кореографот Игор Киров.
Киров во изминатиот период од 10-ти до 22-ри ноември беше гостин на катедрата за балетска педагогија каде во рамки на предметот популарни танци работеше со студентите, а таа работа резултираше со овој завршен настап. Во рамки на програмските содржини на курсот беа опфатени модерни техники и начинот на нивната изведба, како и градење на танцова етида врз основа на изучениот материјал. Игор Киров за оваа пригода со студентите подготви модерна кореографија која освен на презентацијата, ќе биде изведена и на настапот насловен  „Вечер на современ танц“ кој е планирано да се одржи на 20.12.2014 на малата сцена на МОБ. На овој настап се планира да бидат прикажани и кореографии на доц. Искра Шукарова, како и делови во авторство на студентите. 
Овој вид на соработка со еминентни кореографски и педагошки имиња – како што беше овој курс со кореографот Киров, планирано е да продолжи и понатаму, со што ќе им се овозможи на студентите изворно да се запознаат со новите текови во танцовата уметност.