Објавено на: 21 септември 2018
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА
Запишувањето на примените кандидати, пријавени во вториот уписен рок во учебната 2018/2019 година, ќе се врши на 24-ти септември, 2018 година.
Потребни документи:
- Индекс и студентска легитимација (уредно пополнети со целосни податоци);
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
- Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
- Потврда за уплатена прва рата школарина
- 6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота;
- 12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
- Потврда за уплaтени 300 денари за библиотечен фонд;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка:
- цел на дознака: ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност
- жиро сметка: 100000000063095
- депонент: НБРМ
- сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
- приходна шифра 723012, програма 41.
Жиро сметките за уплата на сите трошоци за студирање може да ги погледнете во прилог на ова соопштение.
Уплатници.docx