Објавено на: 24 септември 2018
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2018/2019
- ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 25-ти СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА
- ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 26-ти СЕПТЕМВРИ ДО 1-ви ОКТОМВРИ 2018, А ТОЧНИОТ РАСПОРЕД ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН НА 25-ти СЕПТЕМВРИ
- ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 1-ви ОКТОМВРИ 2018 ГОДИНА
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
- пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна таксаод 50 денари (образец А1, се купува во книжарници);
- испечатени електронски пријави од IKnow системот (интерен и универзитетски пријавен лист);
- оригинални свидетелства и копии од сите класови;
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование и копија);
- доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
- извод од матична книга на родени;
- изјава за национална припадност (по потреба);
- потврда за уплата на приемни испити (уплатница може да добиете во одделението за студентски прашања)
- 500 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет,
- 1000 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.
Забелешки:
Кандидатите кои биле пријавени во првиот или вториот уписен рок, за полагање на приемните испити уплаќаат само 500 денари.
Бидејќи пријавувањето се врши и со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2018/2019ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - www.upisi.iknow.ukim.mk
Жиро сметкa за уплата на приемни испити.doc Број на слободни места за трет уписен рок!.doc