Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Промена на термините за запишување на зимски семестар во учебната 2018/2019 година за студентите од II, III, IV година и студентите кои го завршиле осмиот семестар

Објавено на: 25 септември 2018

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV СТУДИСКА ГОДИНА И СТУДЕНТИТЕ СО ЗАВРШЕН ОСМИ СЕМЕСТАР

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 27.9.2018 - 2.10.2018 ГОДИНА.

Потребни документи за запишување:

-             Индекс со сите оценки од положените испити;

-             Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари;

-             Образец ШВ.20 за Завод за статистика;

-             Потврда за уплатена прва рата школарина:

  •     6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота,
  •     12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите.

-             Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;

-             Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;

-             Уплата за презапишување на не положени предмети од зимскиот семестар од учебната 2017/2018, во висина од 406,00 денари за еден кредит;

-             Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.

 

НАСТАВАТА ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА 1-ви ОКТОМВРИ 2018 ГОДИНА!

ЛИСТИТЕ СО ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ СЕ ОБЈАВЕНИ НА ОГЛАСНИТЕ ТАБЛИ НА ФАКУЛТЕТОТ И НА СЛЕДНИОВ ЛИНК: http://fmu.ukim.edu.mk/mk/Home/News/42376/Lista-na-izborni-nastavni-predmeti-za-uchebnata-2018-2019-godina 

 

Напомена: Сите студенти задолжително треба да го запишат зимскиот семестар од учебната 2018/2019 година и во електронскиот студентски сервис Iknow.

 

Во прилог на ова известување може да ги погледнете жиро сметките за уплата и упатството за електронско запишување на зимскиот семестар во Iknow системот. 

Жиро сметки за уплата.docx Упатство за Iknow.docx