Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Запишување на примените кандидати пријавени во третиот уписен рок во учебната 2018/2019 година, во I година на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавено на: 28 септември 2018

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во третиот уписен рок во учебната 2018/2019 година, ќе се врши на 1-ви октомври, 2018 година.

 Потребни документи:

  • Индекс и студентска легитимација (уредно пополнети со целосни податоци);
  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
  • Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
  • Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • Потврда за уплатена прва рата школарина

-       6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота;

-       12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;

  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплaтени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка:

-       цел на дознака: ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност

-       жиро сметка: 100000000063095

-       депонент: НБРМ

-       сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

-       приходна шифра 723012, програма 41.

 Жиро сметките за уплата на сите трошоци за студирање може да ги погледнете во прилог на ова соопштение. 

Уплатници_42371_362.docx