Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Свечено одбележување на 52 години од основањето на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавено на: 29 ноември 2018

Почитувани, 

ве известуваме дека на 5.12.2018 година (среда), со почеток во 20 часот, во Македонската филхармонија ќе се одржи Концерт на Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност - Скопје, под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски, по повод одбележувањето на 52-рата годишнина од основањето на Факултетот. 

 

Истовремено, ве известуваме дека на денот на основањето на Факултетот - 6.12.2018 година (четврток), во 18 часот, во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи и промоција и свечено доделување на дипломите на дипломираните студенти од прв и втор циклус студии.