Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок во учебната 2018/2019 година

Објавено на: 11 декември 2018

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК,

ВО УЧЕБНАТА 2018/2019

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИНА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 8-ми ЈАНУАРИ ДО 22-ри ФЕВРУАРИ 2019 ГОДИНА.

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 25-ти И 26-ти ФЕВРУАРИ 2019 ГОДИНА.

 

 Потребни документи за пријавување:

  • пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса од 50 денари;
  • електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
  • оригинален документ за завршен завршен прв циклус студии (уверение или диплома);
  • куса биографија;
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност.

Бројот на слободни места за вториот уписен рок, по студиска програма, може да го погледнете во прилог. 

Напомена:

!         Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;

 !         Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија.

 

  • Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk

 

 

Слободни места, втор уписен рок, втор циклус студии.pdf Пример за уплата.docx