Објавено на: 28 декември 2018
Вонр.проф. д-р Искра Шукарова во соработка со Грегор Камникар од Словенија организира семинар по современа танцова импровизација кој ќе се одржи од 27 до 28 декември во МОБ.
Учество ќе земат сите студентите од прва до четврта година. Целта на семинарот е да продожи соработката со Камникар кој веќе конитунуирано соработува со студентите и со кои веќе има реализирано успешен настан во фоајето на МОБ на 31 март 2018 година.
Грегор Камикар е истакнат уметник од Словенија како дел од проектот The game M ја покани вонр. проф. д-р. Искра Шукарова во Љубљана, септември 2016 година каде тие работеа на делото “MC2=Ǝ, movement exhibition” кое беше истражување помеѓу вонр. проф. д-р Шукарова и уметничкиот колектив за арт-технологија-Циркулација 2 (http://bit.ly/2DiGvKy).