Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Конкурс за доделување на стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Објавено на: 16 април 2019

   Врз основа на Одлуката бр. 12-276/3 од 15.02.2019 година, за доделување на стипендии на редовни студенти од прв циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ , в.д. деканот проф. д-р Димитрије Бужаровски на УКИМ Факултет за музичка уметност-Скопје, распишува

 

КОНКУРС

за доделување  стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

 

   Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува 5 (пет) стипендии на студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

  1. Право да конкурираат имаат студентите кои го имаат запишано најмалку третиот семестар и кои ги положиле сите предвидени предмети со студиската програма од запишувањето на студиите, заклучно со февруарскиот испитен рок во 2019 година, во редовните рокови, без презапишување на семестар, со постигнат просечен успех од најмалку 8.00.

   Висината на стипендијата изнесува 6.000 денари месечно и се исплатува 10 месеци во студиската година почнувајќи од октомври и заклучно до јули.

  

  1. Правото на користење на стипендијата трае доколку редовно се исполнуваат условите заклучно со завршувањето на студиите од првиот циклус.

   Право на стипендија немаат кандидатите кои што не напредувале редовно во повисок семестар.

 

  1. Правата и обврските на добитниците на стипендијата ќе се утврдат со договор. Стипендијата ќе се продолжува секој семестар под услов, начин и постапка утврдени во договорот за доделување на стипендијата.

 

  1. Потребни документи:

-          Пријава(образец бр. 1);

-          биографија (CV);

-          уверение за редовно запишани семестри, од почетокот (првиот семестар) на студиите;

-          потврда од факултетот дека се положени сите предвидени предмети, заклучно со февруарскиот испитен рок, без презапишување на семестар;

-          уверение со бројот на предвидените и положените испити од претходните семестри;

-          потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата за оваа година, односно за пензионираните членови на семејството, да се достави документ за висината на пензијата - чек; за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или од друга институција;

-          уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година за двајцата родители – старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;

 -          изјава за бројност на членови во  потесно семејство на кандидатот ((образец бр. 1);

-          изјава од кандидатот дека не е корисник на друга стипендија (образец бр. 2);

-          изјава од кандидатот за вистинитоста на доставените документи и податоци (образец бр. 3);

-          изјава за согласност за обработка и  користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (образец бр. 4).

 

  

   Потребните документи кон пријавата на Конкурсот се доставуваат во копија.

              

  1. Пријавите, со потребната документација, се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на веб страната и на огласната табла на Факултетот.

 

   Документите се поднесуваат во Архивата на Факултетот за музичка уметност-Скопје, или по пошта, на следнава адреса:

Факултет за музичка уметност-Скопје

(за Конкурсот за доделување стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“)

ул. „Питу Гули“ бр. 1,

1000 Скопје

 

 

Универзитет Св. Кирил и Методиј" во Скопје

Факултет за музичка уметност-Скопје

 

 

Конкурс.pdf Изјава за за бројност на членови.doc И З Ј А В А за користење лични податоци.doc Изјава за точност на податоци.doc ИЗЈАВА- не користи друга стипендија.doc Пријава.doc