Објавено на: 24 април 2019
Концертот на Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ под диригентско водство на проф. м-р Борјан Цанев се одржа во Камерната сала на НУ Филхармонија на РСМ на 23 април 2019 година. На програмата беа дела од Моцарт, Блох, Пјацола, Вилијамс (оркестрација Борјан Цанев), Елгар и Бритн. Свој извонреден настап како солисти имаа студентите Илза Бафтијари – виола (класа: проф. м-р Фросина Балова), и виолинистите, воедно и членови на оркестарот, Ени Вучидолова (класа: проф. м-р Олег Кондратенко), Андреј Ѓорѓевски (класа: вонр. проф. м-р Владимир Костов), Диана Мирчевска и Марија Јанчулеска (класа: проф. м-р Љубиша Кировски).
Честитки до сите!