Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Нови тенденции / нови автори во современиот танц при ФМУ, под менторство на кореографот и вонр. проф. д-р Искра Шукарова, 4 јуни, Мала сцена на НОБ

Објавено на: 03 јуни 2019

Нови тенденции / нови современи танцови дела и автори од катедрата за балетска педагогија при УКИМ ФМУ
Презентација на програмата на катедрата за балетска педагогија-современ танц при Факултет за музичка уметност

Настанот ќе се одржи на Малата сцена на Националната Опера и Балет на 4 јуни 2019 година (вторник) со почеток во 20 часот.
Влез слободен
Времетраење: 70 минути

 

Како дел од програмата на оваа вечер ќе бидат прикажани нови дела и тенденции на современата танцова сцена кај нас. Со прикажувањето на новите современи танцови дела се отвора нов аспект на оваа студиска програма каде студентите под ментортсво на вонр. проф. д-р Искра Шукарова се насочени кон идејни креации и изведба на новите дела.

Катедрата за балетска педагогија при ФМУ постои од 2010 година и има реализирано бројни успешни концерти во класичниот и современиот отсек.

Презентацијата на 4 јуни е прва од овој вид каде ќе се прикажат нови концепти и изведба на истите од страна на студентите како дел од предметот Композиција на современ танц.

 

ПРОГРАМА

Прв дел

Наслов: Некаде, некако, некој (Somewhere, Somehow, Somebody)

Во секој од нас постои животна енергија која постојано циркулира и се менува, тоа е нашиот темперамент. Тој е карактеристичен начин на реагирање на единката во зависност од околностите и луѓето околу неа, чиј збир на емоции, брзина, сила и времетраење го менува секојдневието на човекот.

Кореографија: Теодора Ежовска, Марија Ристеска, Христина Ангеловска

Изведуваат: Теодора Ежовска, Марија Ристеска, Христина Ангеловска, Јана Петровска

Ментор: вонр. проф. д-р Искра Шукарова

Музика : Olafur Arnolds - Final ChapterSance - ERA; Кирил Џајковски - Swimmer

 

Наслов: После полноќ

Нешто што го чуваме длабоко во нас, нешто што ни предизвикува несоница.

Кореографија и изведба: Бојан Мицев

Ментор: вонр. проф. д-р Искра Шукарова

Музика: Alva Noto + Ryuichi Sakamoto - Noon

 

Наслов: Езгија за флејта од Гоце Коларовски

Инспирацијата за креирање на движењата во делото е поврзано со мистичниот тон на флејтата во композицијата Коларовски, асоцирајќи на безвременост.

Изведуваат: Меланија Гоцевска, Ивана Димкоска, Медина Јусувовиќ, Ева Џингова, Христина Ангеловска, Марија Ристеска, Јана Петровска

Кореографија: вонр. проф. д-р Искра Шукарова

Композитор: Гоце Коларовски

Музичка изведба - флејта: Јана Каевска

(Пауза)

Втор дел

Наслов: Три

На крајот од денот... Размислувам како би се опишала со три збора?

Кореографија и изведба: Христина Ангеловска

Музика: Naruto-Sadness and Sorrow

Микс и мастеринг: Данчев продукција

Ментор: вонр. проф. д-р Искра Шукарова

 

Наслов: Точка

Форма интегрирана во самите нас и околу нас, циклично дејство на бесконечноста, поврзувајќи различни временски интервали со чие повторување дејствието се доведува до кулминација во една точка - Цeнтарот.

Кореографија и изведба: Теодора Ежовска

Музика: Sahalè - Djiin

Ментор: вонр. проф. д-р Искра Шукарова

 

Наслов: Јас и вие

Постоење на едно тело на сцена наспроти другите тела, станува игра на поле каде постоењето на четвртиот ѕид се руши.

Кореографија и изведба: Марија Ристеска

Музика: Byetone - Opal

Ментор: вонр. проф. д-р Искра Шукарова

  

Наслов: Тик Так

Времето земено како фактор/метафора за генерирање на движечки структури во просторот.

Кореографија: вонр. проф. д-р Искра Шукарова

Изведуваат: Ивана Балабанова, Христина Ангеловска, Марија Ристеска, Теодора Ежовска, Милена Гаврилова, Јана Петровска

Музика: Dimitri Shostakovich-Waltz-No 2; Johann Strauss-The Blue Danube; Body Rockers-I like the way you move-remix