Објавено на: 17 јуни 2019
На 18.6.2019 година (вторник), избрани студенти од студиската програма за соло пеење од Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе настапат на „Концертот на млади оперски надежи – Коста Трпков“ во организација на НУ „Национална опера и балет“. На концертот традиционално настапуваат студенти по соло пеење од државните факултети во Македонија заедно со оркестарот на Националната опера и балет.
Овој концерт, меѓудругото, се одржува и во сеќавање на професорот Коста Трпков (1919-1993), првиот вокален педагог и првиот раководител на одделот за соло-пеење на Високата музичка школа, односно Факултетот за музичка уметност - Скопје.
Концертот ќе се одржи во салонот на НУ „Национална опера и балет“ со почеток во 20 часот, влезот е слободен.
Повеќе за програмата на следниот линк.