Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Свечен концерт по повод 48 години од основањето на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавено на: 11 декември 2014

На 6.12.2014 година во Македонската опера и балет, се одржа Свечен концерт по повод 48 години од основањето на Факултетот за музичка уметност - Скопје на кој учествуваа првата генерација студенти од катедрата за балетска педагогија, Симфонискиот оркестар на ФМУ под диригентската палка на проф. м-р Саша Николовски - Ѓумар и проф. д-р Драган Даутовски со студенти од насоката по народни инструменти.