Објавено на: 11 септември 2019
Во периодот 29-31.08.2019 во Словенечката академија за науки и уметности се одржа конференцијата „Sound, song and politics “ на кој со пленарно предавање учествуваше вонр. проф. д-р Соња Здравкова Џепароска како единствен претставник од Македонија. Таа презентираше на тема протести и видови на перформативни пректики кои се користат во протестите низ примери од Македонија. Конференцијата ги соедини научници од целиот Балкан и Европа и претставуваше одлична платформа за понатамашна соработка и размена на искуство во доменот на истражувачките дискурси.