Објавено на: 11 септември 2019
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2019/2020
ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 12-ти И 13-ти СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА.
ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 16-ти ДО 20-ти СЕПТЕМВРИ 2019.
РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ (КОНЕЧНАТА РАНГ – ЛИСТА) ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 23-ти СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА.
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 24-ти СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
- пријавен лист за запишување на студенти во прва година (образец А1, се купува во книжарници);
- испечатени електронски пријави од IKnow системот (интерен и универзитетски пријавен лист);
- оригинални свидетелства и копии од сите класови (кандидатите кои доставиле копии од документите во првиот уписен рок, потребно е да ги достават само оригиналните документи);
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование и копија);
- доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение);
- извод од матична книга на родени;
- изјава за национална припадност (по потреба);
- потврда за уплата на приемни испити: 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.
Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2019/2020 година, жиро сметката за уплата, податоци за бројот на преостанати слободни места за вториот уписен рок и распоредот на приемните испити, може да ги погледнете во прилог.
Забелешки:
Кандидатите кои биле пријавени во првиот уписен рок, за полагање на приемните испити уплаќаат само 500 денари.
Бидејќи пријавувањето се врши и со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА: www.upisi.ukim.mk
Конкурс за запишување на студенти на прв циклус студии во учебната 2019-2020.pdf Број на слободни места за втор уписен рок.doc Жиро сметкa за уплата на приемни испити.doc Приемни испити, втор уписен рок, 2019-2020.pdf