Објавено на: 24 септември 2019
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2019/2020
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА РЕКТОРСКАТА УПРАВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ, ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, ДО 25-ти ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА.
НА ВЕБ СТРАНАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ КОНКУРСОТ СО ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ - http://ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs-II-ciklus-2019_2020_2019-09-20.pdf
СОГЛАСНО ГОРЕНАВЕДЕНАТА ОДЛУКА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ЌЕ СЕ ВРШИ ДО 25-ти ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА, А ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 28-ми ДО 30-ти ОКТОМВРИ 2019.
Потребни документи за пријавување:
- пријавен лист за запишување студенти;
- електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
- диплома или уверение за завршен прв циклус студии (оригинал и копија);
- кратка биографија;
- потврда за активно познавање странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи;
- изјава за првична согласност од потенцијалниот ментор;
- потврда за уплатени 50 евра за пријавување на втор циклус студии, во денарска противвредност.
Напомена:
! Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;
! Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија.
- Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk.
Во прилог на ова известување може да ја погледнете жиро сметката за уплата и изјавата за предлог на ментор.
Изјава за предлог на ментор!.doc Жиро сметка за уплата.docx