Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2019/2020

Објавено на: 24 септември 2019

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2019/2020

  •  ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 25-тиСЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА
  • ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 26-ти ДО 28-ми СЕПТЕМВРИ 2019.
  • ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 30-ти СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  • пријавен лист за запишување на студенти во прва година (образец А1, се купува во книжарници);
  • испечатени електронски пријави од IKnow системот (интерен и универзитетски пријавен лист);
  • оригинални свидетелства и копии од сите класови (кандидатите кои доставиле копии од документите во првиот уписен рок, потребно е да ги достават само оригиналните документи);
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование и копија);
  • доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение);
  • извод од матична книга на родени;
  • изјава за национална припадност (по потреба);
  • потврда за уплата на приемни испити - 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.

 Забелешки:

Кандидатите кои биле пријавени во првиот или вториот уписен рок, за полагање на приемните испити уплаќаат само 500 денари.

 Бидејќи пријавувањето се врши и со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.

 СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА:            www.upisi.ukim.mk

  

*Електронскиот систем ќе биде активен само на 24-ти и 25-ти септември 2019 година.

 

Број на слободни места за трет уписен рок.doc