Објавено на: 01 октомври 2019
Во периодот од 25 до 30 септември Искра Шукарова гостуваше во Културниот центар ЗИЛ во Москва. На 29 септември во 18 часот Шукарова беше поканета да ја презентира програмата на катедрата за балетска педагогија при ФМУ-УКИМ која постои од 2010 година и каде таа е ангажирана како вонреден професор за предметите за современа танцова педагогија. Центарот ЗИЛ http://zilcc.ru/afisha/7410.html во Москва курира современи танцови програми и е еден од главните двигатели на современата танцова сцена во Москва и воопшто Русија.
Шукарова за време на престојот реализира средби со професионалци во полето на современата танцова сцена во Москва и воедно ќе проследи нови танцови продукции во Центарот ЗИЛ како и во Meyerhold Center
Престојот во Москва е поддржан од страна на Министерството за Култура на Република Северна Македонја и е особено важен за воспоставување на нови релации со уметници и едукатори од современата танцова сцена во Москва. Целта на престојот на Шукарова беше да се поканат руски предавачи и уметници како дел од програмата на проектот Nomad to Nomad кој Шукарова го започна во 2018 во соработка со ФМУ во чии рамки како предавачи гостуваат видни имиња од странство.
Шукарова пред еден месец беше поканета на уметничка резиденција во Њујорк и Западен Масачусетс каде реализираше нова авторска продукција која ќе биде прикажана на нашата сцена