Објавено на: 18 декември 2019
Во вторник, 24 декември 2019 година во Фоајето на Националната опера и балет, со почеток во 19 часот, ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ и Хорот „Драган Шуплевски“ на ФМУ – Скопје. Со ансамблите ќе диригира проф. м-р Сашо Татарчевски. На програмата се Concerto grosso op. 6 No. 8 (Концерт за Божиќната вечер) од Арканџело Корели и Миса за изгрејсонцето од современиот норвешки композитор Ола Јеило.
Со овој концерт Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ одбележува 20 години од своето постоење.