Објавено на: 21 февруари 2020
Во Концертната сала на ДМБУЦ, на 19 февруари 2020 година, со почеток во 10 часот, Паскал Галоа (Pascal Gallois), фаготист, диригент, педагог, член на Ensemble Intercontemporain, директор на Conservatoire Municipal W.A. Mozart, одржа предавање и работилница за современи техники на свирење фагот, компонирање и врските помеѓу композитор – изведувач. На предавањето и работилницата земаа учество студенти од ФМУ – Скопје, како и професорите од ФМУ, проф. м-р Нинослав Димов, вонр. проф. м-р Марјан Милошевски и проф. м-р Страшо Темков. Со почеток во 11:15 часот, Елена Стојческа, флејтист, професор по флејта на истиот конзерваториум одржа работилница по флејта, каде земаа учество студентите по флејта при ФМУ – Скопје.