Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Танцова педагогија во време на Covid 19: Претставување на дипломските работи на апсолвентите на катедрата за балетска педагогија-програма за современ танц на ФМУ при УКИМ

Објавено на: 29 јуни 2020

Како изгледа танцовата педагогија и пракса во областа на современиот и модерниот танц, во новонастанатите услови кои ги наметна пандемијата на Covid 19?
Кои и какви формати откриваат и развиваат младите танчери и балетски педагози, во соработка со нивните професори и ментори?
 
Како еден од можните одговори на овие прашања, ви ја претставуваме Јана Петровска, апсолвент на катедрата за балетска педагогија-програма за современ танц на ФМУ при УКИМ, и нејзината дипломска работа по предметот "Композиција на современ и модерен танц", која таа ја разви под менторство на проф. д-р Искра Шукарова.
 
Денес ви ја претставуваме Јана Петровска и нејзината дипломска работа. Уживајте во креативноста на Јана!
 
Истражувачка работа по предметот Композиција на современ и модерен танц при ФМУ - УКИМ, катедра за балетска педагогија (современ танц)
Ментор Проф. Д-р: Искра Шукарова
Изведувач: Jaна Петровска IV год
Музика: Ibeyi – “River“
Локација: Скопје, населба Аеродром и село Горно Коњари
 
Тема на истражување:
ВОДA
 
Истражувачкиот процес по предметот Композиција на современ и модерен танц 4, беше заокружен во вид на видео формат должејќи се на непредвидената состојба со појавата на COVID-19 која комплетно ја измени мојата појдовна точка и првичниот концепт за овој продукт. Првично беше предвидено за сценска соло изведба, но бев принудена да се адаптирам и продолжив да го развивам процесот во домашни услови.
 
 
Темата на моето истражувањето е вода. Ја избрав водата како елемент кој се содржи во нас и во природата како составен дел од нашето постоење. Првите форми на живот се појавиле во вода, жената генерира нов живот во матката со помош на амнионска течност, водата претставува симбол за кревкост, чистина, женственост, баланс, невиност, надеж... Водата тече и е константен пулс на животот. Водата е сила која ги менува луѓето. Овој период јас имав потреба за нов почеток. Без да се преобликувам и да тежнеам да станам нешто друго освен тоа што сум. Најдов релација помеѓу водата и самата себеси. Сакав да ја прочистам својата душа и да продолжам да течам, да танцувам, да живеам... Во вториот дел од процесот во домашни услови значително се забележа потребата за излез на отворен простор, чувствував стега во однос на комуникацијата. Ми беше важно да се слушне мојот глас и се препуштив на природниот тек на ситуацијата која сите не засегаше.