Објавено на: 03 февруари 2021
СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗА ПРВ ПАТ ЗАПИШАНИ ВО ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА
Се известуваат студентите запишани во вториот уписен рок на втор циклус, во учебната 2020/2021 година, дека заверката на зимскиот семестар ќе се врши во периодот од 10.2. - 12.2.2021, во периодот од 11:00 до 13:00 часот.
Потребни документи за заверка:
- образец за заверка на семестар;
- индекс и
- уплата за трета рата школарина.
СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗА ПРВ ПАТ ЗАПИШАНИ ВО ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА
Се известуваат студентите запишани на втор циклус студии во октомври 2020 година, дека заверката на зимскиот, запишувањето на летниот семестар и пријавувањето на испитите за зимската испитна сесија 2020/2021, ќе се врши во периодот од 10.2. - 12.2.2021, во периодот од 11:00 до 13:00 часот.
Полагањето на испитите од зимската испитна сесија, ќе се започне од 15.2.2021 и ќе трае до 5.3.2021 година.
Потребни документи:
- индекс;
- образец за заверка на зимскиот семестар;
- образец за запишување на летниот семестар;
- уплата за втора рата школарина;
- пријави за испити (задолжителна е и електронска пријава во Iknow системот);
- образец „прилог кон пријава за испит“, за студентите кои ќе полагаат главен предмет;
- уплати за испити.
За дополнителни информации, контактирајте не на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk
Прилог кон пријава.docx