Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Известување за средба со матурантите од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

Објавено на: 18 мај 2021

Факултетот за музичка уметност - Скопје организира средба со матурантите од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ за да им ја претстави својата дејност и да ги запознае со процесот на полагање приемни испити. Средбата е закажана за 20 мај 2021 г. (четврток) со почеток во 15 часот преку платформата zoom.

За учество на средбата матурантите ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се пријават кај своите класни раководители или раководител на теоретска класа проф. Златица Жантевска-Пејиќ.
На средбата пријавените учесници треба да се приклучат со своето име и презиме и со вклучена видеокамера.
Линкот за приклучување дополнително ќе им биде пратен на пријавените учесници.