Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Одбележување на 24 Мај – Патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 72-годишнината од неговото основање

Објавено на: 26 мај 2021

Почитувани,

На 26 мај (среда) 2021 година, во чест на 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј и патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, делегација на Факултетот за музичка уметност – Скопје положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на платото на универзитетскиот кампус.