Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Концерт на Хорот „Драган Шуплевски“ и Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ на 1 јуни 2021 година (вторник)

Објавено на: 31 мај 2021

Студентските ансамбли на ФМУ – Скопје по долга пауза се враќаат на концертен подиум.

Хорот „Драган Шуплевски“ и Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ ќе одржат целовечерен концерт на 1 јуни 2021 година (вторник) во Фоајето на НОБ. Со ансамблите ќе диригира Магдалена Кочоска, студент на IV година по оркестарско диригирање во класата на проф. м-р Сашо Татарчевски.

 

Почетокот е во 20 часот. Влезот е слободен, но со ограничен број на посетители. За резервација на места ве молиме јавете се на телефонскиот број 071 912 555 или на мејлот fmu@fmu.ukim.edu.mk

 

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.