Објавено на: 08 јуни 2021
Студентите на ФМУ – Скопје ќе настапат на традиционалниот концерт со НУ Филхармонија на РС Македонија „Звукот на идната генерација“ на кој се претставуваат студентите од државните факултети за музичка уметност. На концертот учествуваат Ана Спасовска (III година оркестарско диригирање, класа: проф. м-р Борјан Цанев), Кристијан Кожумановски (IV година контрабас, класа: м-р Александар Поп Христов), Пандорка Јанакиева (IV година флејта, класа: проф. м-р Страшо Темков), Дарко Гроздановски (III година виолина, класа: проф. м-р Олег Кондратенко), Анастасија Гичевска (III година пијано, класа: проф. д-р Марија Ѓошевска), Зорица Здравковиќ (IV година удирачки инструменти, класа: проф. м-р Мојца Седеу) и Памела Велкова (III година виолина, класа: проф. м-р Олег Кондратенко).
Концертот ќе се одржи на 10 јуни (четврток) во 20 часот под диригентска палка на проф. м-р Борјан Цанев. На програмата се дела од Моцарт, Ботезини, Шосон, Сен-Санс, Розауро и Равел.