Објавено на: 23 јуни 2021
Концертната серија „Musica Viva на отворено“ како дел од научно-истражувачкиот проект бр. NIP.UKIM.20-21.14 на ФМУ – Скопје поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се реализира на 26, 27 и 28 јуни. На програмата се дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Нина Костова Јаневска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, доц. д-р Елена Атанасовска Ивановска, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов, м-р Димче Белчовски.
Концертите ќе се одржат по следниот распоред:
26 јуни: Камерно-солистички мозаик, Тераса на Музеј на македонската борба
27 јуни: Вокален мозаик, Тераса на Музеј на македонската борба
28 јуни: Сонатен мозаик, Фоаје на НУ Национална опера и балет
Почеток на сите концерти е во 19 часот.
Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 071 912 555 или на fmu@fmu.ukim.edu.mk
Настаните се одржуваат според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.
Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.