Објавено на: 07 септември 2021
Прославувајќи ја 55-годишнината на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1966–2021) на каналот на архивот БузАр поставено е видео со студентскиот оркестар на ФМУ, снимено во Дом АРМ на 6 декември 2004 година. Во него студентскиот оркестар под диригентската палка на Саша Николовски Ѓумар го изведува делото на Бенџамин Бритн The Young Person's Guide to the Orchestra, Variation and Fugue on a Theme of Purcell op. 34.
Комплетната реализација и на видеото и на аудиото е изведена од тимот од студенти предводени од професорот Димитрије Бужаровски.