Објавено на: 08 септември 2021
Факултетот за музичка уметност – Скопје на вработените и студентите им го честита значајниот јубилеј – 30 години независност на РС Македонија. Нашата институција во овие децении, но и во целиот период на своето постоење, континуирано придонесува за напредокот на музичката култура и образование во државава со што сите ние со право се гордееме. Ви пожелуваме добро здравје и натамошна успешна работа со која се зацврстуваат и промовираат трајните вредности на музичката уметност, наука и образование.