Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Запишување на примените кандидати за запишување на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавено на: 09 септември 2021

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2021/2022 година, ќе се врши на 10-ти и 13-ти септември, 2021 година, со физичко доставување на документите.

Крајниот рок за доставување на документите е до 13-ти септември, до 15 часот.

Почитувајќи ги препораките на институциите, доставувањето на документите ќе се врши во холот на факултетот, а задолжително е потребно:

- носење на заштитна маска и почитување на социјалната дистанца на точно определените места за стоење;

- студентите да доаѓаат со целосно пополнети документи, бидејќи нема да биде дозволено пополнување на документите на факултетот.

 

Потребни документи:

  • извод од матична книга на родени (оригинал);
  • доказ за државјанство (оригинал);
  • испечатени изјави од Iknow системот;
  • индекс и студентска легитимација(уредно пополнети со целосни податоци);
  • три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • пријавен лист (образец А1, кој претходно го доставувавте електронски);
  • образец за запишување на зимски семестар;
  • образецза потребите на Завод за статистика - ШВ.20;
  • Потврда за уплатена прва рата школарина - 6.150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота и 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка: цел на дознака:ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност, жиро сметка: 100000000063095, депонент: НБРМ, сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18, приходна шифра 723012, програма 41.

 Жиро сметките за уплата на школарината и останатите трошоци, може да ги погледнете во прилог.

Согласно Одлуката за доделување стипендии на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје бр. 02-633/5 од 25.5.2021 година, донесена од Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прилог е објавена и ранг-листата на добитници на стипендија на првите 10 кандидати на ранг листата, примени во категоријата редовни студенти во државна квота на Факултетот за музичка уметност - Скопје во учебната 2021/2022 година.

 

 

 

Пример за уплата на школарина.pdf Пример за уплата на останати трошоци.pdf ИКСА на УКИМ - ФМУ.pdf Ранг листа на добитници на стипендија.pdf