Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Во знак на 55-годишнината на ФМУ, Слики од изложбата, Мусоргски/Равел снимено 2004 година

Објавено на: 20 октомври 2021

Во прилог на одбележувањето на 55-годишнината на ФМУ (1966–2021) на каналот на архивот БузАр е поставено уште едно видео со студентскиот оркестар на ФМУ, снимено во Дом АРМ на 6 декември 2004 година. Во него студентскиот оркестар под диригентската палка на Саша Николовски Ѓумар го изведува делото на Мусоргски во оркестрација на Равел: Слики од изложбата.
И ова видеo со придружното аудио e целосно реализирано од екипата на студенти од одделот по сонологија со мултимедија предводени од професорот Димитрије Бужаровски.