Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Во знак на 55-годишнината на ФМУ, документарно видео за проф. Иван Кочаров, снимено 2013 година

Објавено на: 14 ноември 2021

Во духот на јубилејот 55 години Факултет за музичка уметност во Скопје, на јутјуб каналот на БузАр постиран е уште еден портрет на долгогодишниот професор и истакнат музички уметник кларинетист – Иван Кочаров. Документарното видео го подготвија студентите по сонологија Владко Симоновски, Бојан Цветановски и Томе Спасовски, предводени од професорите Трена Јорданоска и Димитрије Бужаровски, во 2013 година.