Објавено на: 01 декември 2021
Во рамките на одбележувањето на 55-годишнината на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1966–2021) на каналот на архивот БузАр е поставено видеото со студентскиот оркестар на ФМУ, снимено во Дом АРМ на 6 декември 2005 година. Во него студентскиот оркестар го изведува Равеловиот концерт за пијано со солистот Кристина Светиева, под диригентската палка на Саша Николовски Ѓумар.
И ова видеo со придружното аудио e целосно реализирано од екипата на студенти од одделот по сонологија со мултимедија предводени од професорот Димитрије Бужаровски.