Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Во чест на 55 години ФМУ, видеа со настапи на хорот и оркестарот на ФМУ, студенти по гитара и соло пеење од 2004 година

Објавено на: 11 декември 2021

Прославувајќи ја 55-годишнината на Факултетот за музичка уметност од Скопје, на каналот БузАр поставени се 4 видеа од ИРАМ-овите хроники од 2004 година. Во овие хроники, во текот на десетина години, студентите на одделот по сонологија со мултимедија, предводени од професорите Димитрије Бужаровски и Трена Јорданоска, снимија над 170 кратки видеа од различни настани во земјата и во странство поврзани со дејноста на ФМУ.

Во овој избор се прикажани настапите на хорот на ФМУ со диригентката проф. д-р Сузана Костиќ и Симфонискиот оркестар на ФМУ со диригентот проф. м-р Борјан Цанев, студентите по гитара и студентите по соло пеење од класата на проф. м-р Марија Муратовска-Наумовска во 2004 година.